Завчера свечено со сечење на лента се пушти во употреба новата општинска зграда во населено место Петровец.
Старата општинска зграда каде функционираше општинската администрација е стара 77 години, односно изградена е во далечната 1946 година и истата не ги задоволуваше потребните услови за нормално функционирање.
Со новата општинска зграда се создадени сите услови за нормално функционирање како за самата администрација така и за жителите кои имаат потреба од услугите кои ги нуди оваа институција. За само една година од поставување на каментемелникот на оваа зграда, во целост се изгради новиот објект кој денес се пушта во употреба. Вредноста на новоизградениот објект изнесува 34.000.000 денари. Финансиските средства за овој проект во целост се обезбедени од Буџетот на Општина Петровец.
На оваа свеченост покрај градоначалникот Борче Митевски, општинската администрација, претседателот на совет и советниците од Советот на Општина Петровец, претставници од сите јавни институции, присуствуваше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски, пратеничката во Собранието на Република Македонија – Марија Петрушевска и други пратеници, како и голем број новинарски екипи, деловни партнери на општината, бизнисмени и голем број на граѓани. Овој завршен проект е уште еден проект кој градоначалникот Митевски го вети на граѓаните во неговата изборна програма, која може да се каже дека досега 85-90% е реализирана. Општина Петровец ќе продолжи со исполнување и реализирање на преостанати проектии во периодот кој следи.