spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Културно Лето Карпош на плоштадот „Делфина“

Карпош: Културно Лето Карпош на плоштадот „Делфина“

Како продолжение на културната манифестација „Културно Лето Карпош“ веќе следната седмица на плоштадот „Делфина“ ќе настапат врвни музички и актерски имиња. Имено, во понеделник (18.09) со почеток во 19 часот ќе настапат извонредните актери од Театарот за деца и младинци, како и фантастичната Мијата, која со почеток во 20 часот ќе ги забавува граѓаните од Општина Карпош.

Во вторник (19.09)  на плоштадот „Делфина“ стенд-ап настап ќе има и популарниот актер Сашо Тасевски со почеток во 19 часот, а веднаш по него, ќе настапи легендарното дуо, секогаш забавните и препознатливи „Силви Бенд“, со почеток во 20 часот.

За крај на овогодинешното „Културно Лето Карпош“, во среда на 20 септември, ќе настапат македонските музички ѕвезди во подем, овогодинешната победничка на „Ѕвездите на Гранд“ , Славица Анѓелова и минатогодишниот финалист Александар Јосифовски.

Крајот на последната вечер од културната манифестација која е во организација на Општина Карпош, ќе ја одбележат гостите од Србија. Прекрасната вокалистка Ивана Петерс, актерот и рокер Ѓеорѓе Давид, кој во минатото беше дел од групите „Generacija 5“ и „Fuzzbox“, а сега како фронтмен на групата „Death Saw“ ќе ги претстави своите музички способности пред карпошани.

 

 

 

Извор: Општина Карпош

 

Прочитајте

Информација по повод одбележувањето на 8 септември, Денот на независноста

0
По повод 8 септември, Денот на независноста, Владата организира свечена програма под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“. Свечената академија ќе се одржи во...