spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Француските практики за добро владеење во администрацијата преку Меморандум за соработка

МИОА: Француските практики за добро владеење во администрацијата преку Меморандум за соработка

Во Кабинетот на Министерот за Информатичко општество и администрација на Република Северна Македонија, д-р Азир Алиу, Министер за информатичко општество и администрација и Н.Е. Сирил Бомгартнер, Амбасадор на Француската Република во Скопје, потпишаа Меморандум за соработка помеѓу Министерството за информатичко општество и администрација на Република Северна Македонија и Амбасадата на Француската Република во Скопје.

 

 

Меморандумот за соработка е во функција на јакнење и унапредување на професионалните капацитети во администрацијата на Република Северна Македонија, преку различни форми и начини на стручно усовршување и обука, како и преку пренесување на практики за добро владеење и долгогодишни професионални искуства од француската администрација преку стручна помош и поддршка од Република Франција.

 

Меморандумот за соработка ќе се спроведува преку годишни програми со конкретни активности, динамика и буџет, а ќе се усвојуваат и донесуваат преку размена на писма помеѓу двете страни-потписнички. Во таа смисла, д-р Азир Алиу, Министер за информатичко општество и администрација и Н.Е. Сирил Бомгартнер, Амбасадор на Француската Република во Скопје, денеска разменија и писма, со кои ја усвоија и ја донесоа Годишната програма за 2023 година.

 

Годишната програма за 2023 година е фокусирана на јазична обука по француски јазик за почетници со опфат на вкупно 36 учесници која, ќе ја спроведува Францускиот институт во Скопје во периодот октомври 2023 – јануари 2024 година, додека DЕLF испитите ќе се спроведат во февруари 2024, по завршувањето на јазичната обука.

 

 

Отпочнати се активности и за усогласување на Годишната програма за 2024 година.

 

Министерот за информатичко општество и администрација, д-р Азир Алиу, во оваа прилика истакна дека, со Меморандумот за соработка се отвора непосреден и широк пристап за пренесување на професионални знаења, вештини, стручност и современи практики за добро владеење од француската администрација во администрацијата на Република Северна Македонија. Министерот Алиу, подвлече дека долгогодишна позитивна практика на вложување во професионалните капацитети во администрацијата во Република Франција ќе биде од посебно значење за јакнењето, развојот и унапредувањето на професионалните знаења и вештини на администрацијата на Република Северна Македонија, како еден од клучните столбови за добро владеење и обезбедување релевантни услуги за граѓаните, и ќе го надомести сериозниот дефицит на франкофони во администрацијата на Република Северна Македонија, неопходен за членството на Република Северна Македонија во меѓународните организации каде еден од службените јазици е францускиот јазик, вклучително и актуелните процеси за полноправно членство во Европската унија.

Амбасадорот на Франција Н.Е. Сирил Бомгартнер изрази големо задоволство за можноста на спроведување на оваа важна програма наменета за обука на административните службеници. Оваа обука е продолжение на активностите коишто Република Северна Македонија, како полноправна членка на Меѓународната организација на Франкофонијата, ги спроведува со години. Амбасадорот истотака се надева дека овие програми ќе продолжат да се реализираат и во иднина со вклучување на што поголем број слушатели.

 

 

 

 

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација 

Прочитајте

МЗ: Жителите на општина Илинден ќе добијат нов здравствен дом

0
Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, заедно со заменик министерот, Јовица Андовски и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски направија увид во градежните активности...