Во пресрет на Конференцијата на ОБСЕ-УНХЦР за пристап до информации за граѓаните и спречување на статусот на лицата без државјанство/апатриди во ЈИЕ, Високиот комесар на ОБСЕ за национални малцинства, Каират Абдрахманов, придружуван од Амбасадорот на ОБСЕ во Скопје, Килијан Вал, Високиот советник за правосудство Митра Џалали и Високиот советник, Тихана Леко се сретнаа со Министерот за правда, Кренар Лога, со кого разговараа за оваа тема, но и за други теми од интерес.
МП: Кренар Лога – делегација на ОБСЕ
Комесарот Абдрахманов, високо го цени постигнатиот успех со новите законски измени, благодарение на кои конечно е решен статусот на неевидентираните и лицата без државјанство, а го охрабри министерот Лога, уверувајќи го во поддршката на ОБСЕ и на самиот комесар во решавањето на предизвиците со кои се соочуваат граѓаните воопшто, а посебно малцинствата.
Министерот Лога рече дека е посветен на борбата против дискриминацијата, унапредувањето на правата на припадниците на сите заедници и етнички малцинства во земјава и истакна дека благодарение на наведениот закон, досега се примени 300 пријави од неевидентирани лица, а дел од кои веќе го имаат решено статусот, додека другиот дел чека.
Лога ја извести делегацијата на ОБСЕ дека во блиска иднина планира да донесе нов закон за правична и соодветна застапеност, за што ќе биде формирана Работна група и нагласи дека ќе биде неопходен придонесот на меѓународни експерти. За последното истакна дека се надева на поддршката од ОБСЕ, за подготовка на најквалитетен закон со кој ќе се обезбеди и стопанското право на малцинствата, правото на работа и соодветна застапеност пред институциите.
На средбата, комесарот Абдрахманов ги поздрави досегашните постигнувања и увери дека ОБСЕ ќе го поддржи Министерството за правда и нашата земја во сите позитивни чекори и проекти за доброто на граѓаните и еднаквоста на заедниците во земјата.
На средбата се разговараше и за размена на искуства, изнаоѓање позитивни случаи во други земји кои ќе послужат како модел за решавање на слични предизвици, со кои се соочува земјата и граѓаните на РСМ.
Извор: Министерство за правда
Прочитајте
Илинден: Промовирана Монографија на Здружение на пензионери „Илинден“
Градоначалникот на Општина Илинден присуствуваше на промоција на првата Монографина на Здружението на пензионери „Илинден“, која е издадена под покровителство на Општина Илинден.
Во ова...