spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗШВ: Донесени заклучоците од министерската конференција за шумарство – „Најдобри практики и...

МЗШВ: Донесени заклучоците од министерската конференција за шумарство – „Најдобри практики и иксуства во обновувањето на шумите“

Во Скопје во организација на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации (ФАО) се одржа првата министерска конференција за шумарство – „Најдобри практики и иксуства во обновувањето на шумите“. Министерот Љупчо Николовски беше домаќин на министерската конференција, на која учество земаа министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство на Црна Гора, Владимир Јоковиќ, министерка за земјоделство и рурален развој на Албанија, Анила Денај, министерот за земјоделство, шумарство и рурален развој на Косово, Фатон Пеци и заменик министерот за земјоделство и храна на Бугарија, Мирослав Маринов.

Основната цел на оваа конференција, беше во насока, да заеднички се зајакне улогата на шумарскиот сектор, зајакнувајќи го неговиот придонес во националната економија преку подобрен мониторинг и планска обнова на шумите, како и зајакнување на руралниот развој промовирајќи ги природните шумски убавини до секој еден човек.

 

Денешната агенда на министерската конференција беше исполнета со многу дискусии и презентации, кои допринесоа во креирање на најдобрите практики во зачувување и обновувањето на шумите.

 

Како резултат на денешната министерска конференција беа донесени следните заклучоци:

  • Обновата на шумите треба да има за цел да постигне највисоко ниво на зајакнување за биолошката разновидност, здравјето на екосистемот и благосостојбата на луѓето, притоа ставајќи ги луѓето во центарот на вниманието.
  • Обновата на шумите треба да се води од добро дефинирани еколошки, културни и социо-економски цели, приспособени на локалниот контекст и земајќи ја предвид пошироката животна средина.
  • Потребни се политики кои ќе овозможат долгорочен успех и зголемување на обемот на програмите за обнова на шумите.
  • Потребна е сеопфатна рамка за мониторинг за да се проценат штетите на шумите предизвикани и од биотски и од абиотски агенси за да се овозможи навремен и соодветен одговор.
  • Опаѓањето на квалитетот на шумите е клучно прашање во Северна Македонија и потребни се активни интервенции за подобрување на еколошката функционалност на деградираните шуми
  • Обновувањето на деградираните шуми нуди можност за подобрување на економската вредност на шумите и истовремено подобрување на екосистемските услуги на шумите.
  • Генерирано е значително ниво на знаења преку истражување и искуство во Северна Македонија и соседните земји за различни аспекти на обновувањето на шумите (на пр. производство на садници, сивикултура, селекција на видови, биотехнологија). Таквото знаење треба да се рефлектира во планирањето и спроведувањето на идните активности за обнова на шумите за да се подобри нивната ефикасност и да се постигне долгорочен успех.
  • Во најдобар интерес на Северна Македонија би било да се пренасочи фокусот на стратешките шумски активности дополнително во насока на обновување на шумите, а не кон класично пошумување на голи терени.

 

 

 

Извор: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство 

Прочитајте