spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Годишно признание за најдобрите учители, благодарност за одговорната работа да ги...

МОН: Годишно признание за најдобрите учители, благодарност за одговорната работа да ги воспитуваат и образуваат нашите деца

Светскиот ден на учителите е добар повод уште еднаш да им кажеме благодарам на сите учители, наставници и професори за тешката и одговорна работа во која секојдневно се вложуваат – воспитувањето и образованието на нашите деца. Со моќта да ја поттикнат љубопитноста и да всадат страст за стекнување нови знаења, тие го трасираат патот на учениците кон остварувањето на полниот потенцијал. А секој денешен ученик е утрешен градител на оваа држава.

Ова го нагласи министерот за образование и наука Јетон Шаќири на настанот организиран од Сојузот на просветни работници по повод 5-ти Септември, Светски ден на учителите, во ООУ „Кузман Јосифовски – Питу“ во Скопје.

Говорејќи за важноста на учителската професија, министерот Шаќири рече дека добриот учител треба да поседува знаење, вештини и способности за да може да биде втор родител на сите свои ученици и истовремено нивен водич низ светот на знаењата, откривач и насочувач на нивните способности и таленти но и сигурна закрила секогаш кога треба.

„За да го исполнат сè ова во време што е исклучително динамично, и учителите треба да учат. Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието посебно внимание посветуваат на обезбедувањето акредитирани обуки, во соработка со домашни и меѓународни институции и организации. Законска обврска е секој наставник во период од три години да помине обуки во траење од 60 часа, од кои 40 часа се обуки со акредитирани програми“, рече Шаќири.

Тој потсети на континуираната поддршка од Владата и од Министерството за образование и наука насочена кон достоинствено вреднување на учителската професија. Септемвриската плата на вработените во основните и средните училишта е повисока за 15%, а само во изминатиот едногодишен период, платите се кумулативно зголемени за над 35%.

За вонредни ангажирања и придонес во унапредувањето на воспитно – образовната дејност, министерот Шаќири, на десет просветни работници од предучилишно, основно и средно образование им додели признание Просветен работник на годината за учебната 2022/23.

 

 

 

Извор: Министерство за образование и наука 

Прочитајте

Мицкоски: Секогаш кога ќе се помине црвената линија ќе реагираме, денеска...

0
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање, во врска со непоставувањето на македонското знаме во Бугарија, изјави „во...