spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Конкурс за средства на домашни научни истражувачи за студиски престои во...

МОН: Конкурс за средства на домашни научни истражувачи за студиски престои во странство

Врз основа на член 50 став 1 од Законот за научно-истражувачката дејност („Службен весник на Република Македонија“ бр. 46/08, 103/08, 24/11, 80/12, 24/13, 147/13, 41/14, 145/15, 154/15, 30/16 и 53/16 ), член 2 и 9 од Правилникот за начинот на финансирање на организација на научни собири и учество на домашни научни истражувачи на меѓународни научни собири и студиски престои во странство („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 156/19и бр.88/21) како и Решението за објавување на Конкурс за доделување на средства на домашни научни истражувачи за студиски престои во странство за 2023 година бр.15-10811/1 од 06.10.2023 Министерството за образование и наука распишува:

 

 

 

Конкурс

 

за доделување на средства на домашни научни истражувачи за студиски престои во странство за 2023 година

 

 

Министерството за образование и наука објавува јавен конкурс за доделување на средства за учество на домашни научни истражувачи за студиски престои во странство за 2023 година.

2. Право на поднесување на пријава за доделување на финансиски средства за учество на домашни научни истражувачи за студиски престои во странство имаат субјектите кои вршат научно-истражувачка дејност: државните универзитети и приватните универзитети-во нивните единици насочени кон наука (научни институти) и во едниците насочени кон образование засновано на наука (факултети), МАНУ, самостојни државни високообразовни установи, самостојни приватни високообразовни установи, јавни научни установи, мешовити научни установи, приватни научни установи и самостојни истражувачи (регистрирани во Регистарот на субјекти за вршење на научно-истражувачка дејност при Министерството за образование и наука).

 

3. Пријавата со пропратната документација ја поднесува субјектот кој врши научно-истражувачка дејност.

 

4. Потребни документи за пријавување на Конкурсот се:

 

§ пополнета пријава (пријавата може да се симне од веб страната на Министерството за образование и наука каде што е објавен конкурсот или да се подигне во Секторот за наука и иновации при Министерството за образование и наука) со потпис од овластен потписник и печат на установата, архивирана во архивата на подносителот на пријавата;

 

§ програма за обавување на студискиот престој во странство;

 

§ писмен доказ од установата каде ќе престојува дека го прифаќа кандидатот за студиски престој во странство;

 

§ согласност од установата каде што е вработен кандидатот за студискиот престој во странство, со потпис од овластен потписник и печат на установата, архивирана во архивата на подносителот на пријавата;

 

Потврда од страна на субјектот за вршење на научно-истражувачката дејност, дека авторот нема добиено средства од матичната институција или од друга институција и сл. за патни трошоци за студиски престој;

потврда за висината на патните трошоци и доказ за извршена исплата. Доколку кандидатот користел сопствен превоз, министерството ќе ги покрие патните трошоци во висина на повратен билет за јавен превоз – економска класа;

§ потврда од установата каде престојувал дека домашниот научен истражувач го реализирал студискиот престој во странство;

 

§ изјава за користење на лични податоци

 

5. Домашниот научен истражувач е должен да ја достави бараната документација согласно точка 4 од овој конкурс. Ненавремена и некомплетно доставена документација нема да се разгледува.

 

6. Средствата кои се доделуваат за учество на домашни научни истражувачи за студиски престои во странство се пресметуваат во зависност од висината на средствата за патните трошоци и расположивите средства на Министерството за образование и наука за тековната година.

 

7. Домашните научни истражувачи кои учествувале на студиски престој во странство се согласуваат:

 

– да се регистрирани (пред да се поднесе пријавата) во националниот E-CRIS.МК информациски систем за истражувачка дејност во Република Северна Македонија со активен и ажуриран профил;

 

Линк за E-CRIS.МК: https://cris.cobiss.net/ecris/mk/mk

 

 

 

8. Пријавите и документите наведени во точка 4 на овој Конкурс , започнува од 06.10.2023 заклучно до 30.11.2023, и се доставуваат на следната адреса или во архивата на:

 

 

 

МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА

 

Сектор за наука и иновации

 

бул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54

 

1000 Скопје

 

 

 

 

 

Дополнителни информации за конкурсот можат да се добијат во Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија , лице за контакт:

 

 

 

Рејхане Исмаили, канцеларија број број 1408 или на телефон 02-3140-183

 

 

 

 

 

 

 

 

 

МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА

 

 

 

 

Извор: Министерство за образование и наука 

Прочитајте