spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Стипендии во рамки на словачката национална програма за мобилност

МОН: Стипендии во рамки на словачката национална програма за мобилност

Амбасадата на Словачката Република во Скопје известува за повик за апликации за стипендии во рамки на Словачката национална програма за мобилност:

(Slovak National Mobility Programme).

Повикот се однесува на студиски престој на странски студенти, студенти на докторски студии, универзитетски професори, истражувачи и уметници на словачките високо образовни институции и истражувачки организации, за академската 2023/2024 година.

Деталните информации и услови за стипендиите се објавени на веб страницата www.stipendia.sk и www.scholarship.sk

Апликациите треба да бидат доставени електронски на веб страницата: www.scholarship.sk, најкасно до  31 октомври 2023 година,  до 16:00 ч. по централно европско време.

Вебинарот со наслов „Study/research in Slovakia with the National Scholarship Programme“ ќе биде наменет за странски апликанти, а ќе се одржи во петок на

13. октомври 2023 година во 14:00 часот.

Вебинарот за странски заинтересирани страни ќе биде на англиски јазик. Подетални информации за вебинарот, како и линк за приклучување, ќе бидат објавени на веб-страниците на SAIA и Националната програма за стипендирање, односно на социјалните мрежи SAIA.

На следниот линк  се наоѓа летокот со основните информации за програмата.

https://saiaslovakia-my.sharepoint.com/:f:/g/personal/ondrej_aradsky_saia_sk/EnbIHAaUVjNIskuiO4eqS8EBfs6JhTT468XQsfpakt587Q?e=jLSCIl

За дополнителни информации може да се обратите директно до:

Ms.Kristina Sallerova, e-mail: nsp-sk@saia.sk         и

Ondrej Aradskýe-mail: ondrej.aradsky@saia.sk

администратори на програмата.

 

 

 

Извор: Министерство за образование и наука 

Прочитајте