spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Конкурс за1500 стипендии за ученици/чки кои се запишани во паралелки во...

МОН: Конкурс за1500 стипендии за ученици/чки кои се запишани во паралелки во стручно образование во кои ќе се реализира практично образование со зголемен број на часови согласно програмите за стручно образование, освен ученици/чките од здравствените струки од јавните средни училишта (ДУАЛНИ ПАРАЛЕЛКИ)

Врз основа на член 54 став 1 од Законот за ученичкиот стандард („Службен весник на Република Македонија” бр. 52/05, 117/08, 17/11, 135/11, 15/13, 41/14, 146/15, 30/16, 64/18, 20/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 248/20 и 302/20), Одлуката за утврдување на бројот на стипендистите и висината на стипендиите за ученици/чки запишани во средните училишта во Република Северна Македонија за учебната 2023/2024 година (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 202/23), и Решението за распишување Конкурс за доделување 1500 (илјада и петстотини) стипендии за ученици/чки кои се запишани во паралелки во стручно образование во кои ќе се реализира практично образование со зголемен број на часови согласно програмите за стручно образование, освен ученици/чките од здравствените струки во јавните училишта во Република Северна Македонија за учебната 2023/2024 година бр. 19-11171/1 од 16.10.2023 година, министерството за образование и наука распишува

 

К О Н К У Р С

за доделување 1500 (илјада и петстотини) стипендии за ученици/чки кои се запишани во паралелки во стручно образование во кои ќе се реализира практично образование со зголемен број на часови согласно програмите за стручно образованиеосвен ученици/чките од здравствените струки од јавните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2023/2024 година (ДУАЛНИ ПАРАЛЕЛКИ)

 

Министерството за образование и наука ќе додели 1500 (илјада и петстотини) стипендии за ученици/чки кои се запишани во паралелки во стручно образование во кои ќе се реализира практично образование со зголемен број на часови согласно програмите за стручно образование (ДУАЛНИ ПАРАЛЕЛКИ), освен ученици/чките од здравствените струки од јавните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2023/2024 година.

 

  1. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА

Право на стипендија имаат кандидатите кои учат во јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија и ги исполнуваат следните услови:

1.Да се редовни ученици/чки запишани во средно образование кои ќе реализираат практично образование со зголемен број на часови согласно програмите за стручно образование од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија, освен ученици/чките од здравствените струки;

  1. Да имаат постигнато минимум континуиран успех од 3.00 во досегашното образование;
  2. 3.Да не повторувале година во текот на образованието;
  3. 4.Да не се корисници на стипендија од други институции или фирми;
  4. 5.Да се државјани на Република Северна Македонија.

 

Критериум за доделување на стипендиите e постигнат успех.

 

Доколку има повеќе кандидати со ист број на бодови, предност имаат кандидатите запишани во повисока година.

 

Доколку од вкупниот број на пристигнати апликации постои родов јаз, односно од вкупно пријавените кандидати бројот на женски кандидатки е помал од 40%, во финалното бодување на женските кандидатки кои исполнуваат услови ќе им се даде дополнителен бод.

 

  1. НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ

Ученици/чките кои ги исполнуваат условите од конкурсот пополнуваат електронска пријава и ја прикачуваат соодветната документација на http://e-uslugi.mon.gov.mk од 18.10.2023 до 01.11.2023 година.

 

Потребните документи за доставување се следните:

1.Потврда дека е редовен ученик во учебната 2023/2024 година; (во потврдата да биде наведено дека ученикот посетува настава во дуална паралелка);

  1. Свидетелствата за завршени претходни години на образованието(кандидатите од I година доставуваат свидетелства од VI-IX одделение); (да се прикачуваат оригинални Свидетелства)
  2. Изјава потпишана од родител-старател дека кандидатот не е корисник на друга стипендијa;
  3. Изјава потпишана од родител-старател дека доставените документи се вистинити;
  4. Изјава потпишана од родител-старател за обработка на личните податоци на кандидатот и неговото потесно семејство (родители-старатели, браќа, сестри), со која се сложува Министерството за образование и наука по службена должност да ги обезбеди потребните документи од јавни институции со кои има склучено договори за соработка;

6.Трансакциска сметка на име на ученикот;

 

Министерството за образование и наука по службен пат, согласно Правилникот за образецот на барањето за сместување во ученички дом и образецот на барањето за доделување стипендија, со потребната документација („Службен весник на Република Македонија” бр.189/16 и 41/17), ќе го обезбеди следниот документ:

– Уверение за државјанство на Република Северна Македонија од Министерството за внатрешни работи.

 

Кандидатите нема да бидат рангирани ако прикачената документација е некомплетна или доколку документите се достават/испратат хартиено.

 

Списокот со избраните кандидати ќе биде објавен на 18.12.2023 година на интернет страницата на Министерството.

 

Се задолжуваат сите добитници на стипендии по објавувањето на списокот, а најдоцна до 29.12.2023 година да го потпишат договорот за стипендија со Министерството за образование и наука.

 

Сите кандидати кои нема да го почитуваат овој рок ќе се смета дека се откажуваат од стипендијата.

 

  1. ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈАТА

Висината на стипендијата ќе изнесува 3.500,00 денари месечно и ќе се исплатува во траење од девет (9) месеци во годината за времетраењето на учебната година 2023/2024.

 1 izjava za licni podatoci_7.doc

 2 izjava ne koristi druga stipendija_3.doc

 3 izjava za tocnost na podatoci_7.doc

 

Извор: Министерство за образование и наука 

Прочитајте

Гази Баба: Постапка за утврдување на штета врз земјоделските култури како...

0
Ги информирамe граѓаните на Општина Гази Баба дека по разговор на градоначалникот Бобан Стефковски со Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски започнуваме...