spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Одржан Шестиот состанок на Националниот совет за за заштита на природата

МЖСПП: Одржан Шестиот состанок на Националниот совет за за заштита на природата

Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова  го отвори и учествуваше на шестиот состанок на Националниот совет за заштита на природата формиран согласно Законот за заштита на природата.

Одржан Шестиот состанок на Националниот совет за за заштита на природатаМинистерката Шукова ја искажа својата благодорност до членовите на Националниот совет за заштита на природата за учество на состанокот на кој се разговараше за  предизвиците со кои се соочуваат заштитените подрачја во воспоставување на одржливото управување. Меѓу другото се разговараше за можностите за унапредување на управувањето со заштитените подрачја преку промоција на природните вредности, подобрување на финансирањето од наплата на влезници и преку поддршка на субјектите за управување со заштитените подрачја/националните паркови.

4Согласно дневниот ред, беа разгледани и дискутирани различни прашања од областа на заштита на природата, кои се однесуваа на иницијативата за прогласување на Катлановски Предел за заштитено подрачје, Нацрт-Законот за прогласување на Охридско Езеро за заштитено подрачје во категорија споменик на природа, особено во делот на избор на соодветен субјект за управување.

2Од членовите на Националниот совет за природа беа поздравени и поддржани превентивните мерки предложени од МЖСПП за надминување на состојбата со кафеавата мечка со можност за нивно дополнување според меѓународни стандарди. Исто така, беше презентиран прогресот на активностите за статусот со Бернската конвенција по однос на отворените фајлови за НП Маврово, НП Галичица и Охридско Езеро.

 

 

 

 

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање

Прочитајте

МОН: Јаневска – Францускиот јазик е дел од нашата историја, но...

0
Македонија и Франција се две европски држави со заеднички стремеж кон јакнење на меѓусебната соработка, што континуирано се продлабочува во сите сфери од заемен...