spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Државниот секретар Неби Реџепи на одбележувањето на 78 години на Обединети...

МЖСПП: Државниот секретар Неби Реџепи на одбележувањето на 78 години на Обединети Нации

Државниот секретар за животна средина и просторно планирање, Неби Реџепи, присуствуваше на Годишната Конференција на Обединетите Нации за 2023, со наслов “Слобода, еднаквост и правда за сите”.

24-ти Октомври е меѓународен Ден на Обединетите Нации. Oваа година се одбележуваат 78 години од ОН, кои преку тимот на Обединетите нации на државно ниво (UNCT), работат кон подобрување на животите на сите граѓани во земјата преку имплементација на Агендата за одржлив развој, и поддршка на државата во остварувањето на стратешките цели, вклучително и на реформите што ќе помогнат на процесот на интеграција во Европската Унија.N.R.3

Конференцијата овозможува дијалог за подобри начини за справување со дискриминацијата, дезинформациите, лажните вести и говорот на омраза помеѓу претставници од Собранието, Владата, институциите за човекови права, академската заедница, медиумски работници, граѓанското општество, ОН и партнерите кои ѝ даваат поддршка на земјата за забрзан напредок, постигнување на Целите за одржлив развој и пристапувањето кон Европската Унија.N.R.2

 

 

 

 

 

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање

Прочитајте

Градоначалник Манчев: Од 2021 година си поставив за цел да го...

0
1. Какви реформи се случуваат во општинската администрација во Босилово? Реформите во делот на администрацијата се случуваат со законски измени или дополнувања на законите на предлог на Владата...