На ден 19.10.2023 година, во просториите на ДКСК е реализирана Работилница на тема: „Ризици од корупција во животна средина“, во рамките на Регионалната Студиска посета на претставници на граѓански организации корисници на грантови на СМАРТ Балканс проектот.
Работилницата е реализирана на барање на Центарот за истражување и креирање на политики (ЦИКП) и истата беше наменета за нивни соработници и партнери (граѓански организации корисници на грантови) од земјите од Западен Балкан каде што се спроведува СМАРТ Балканс проектот. Целта на студиската посета и на работилницата е размена на искуства и знаења, како и градење на стратешки партнерства меѓу граѓанските организации и институции од регионот, поврзани со темата животна средина.
На посетата учествуваа 21 претставник од повеќе земји: Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија, Албанија, Косово и Р.С. Македонија.
На Работилницата, Владимир Георгиев – Член на ДКСК и вработените од Секретаријатот на ДКСК: Јасминка Цветковска – Раководител на одделение за спречување на корупцијата; Катерина Зајковска – Раководител на одделение за следење на финансирањето на политичките партии и изборните кампањи и корупција во јавните набавки и Сања Игњатовска – Советник за антикорупциска проверка на легислативата, ги презентираа надлежностите на ДКСК со особен осврт на постапувањето во областа на животната средина. Беа образложени примери и иницијативи од оваа област на кои ДКСК има работено во изминатите години, како и законите на кои беше спроведена антикорупциска проверка на легислативата и препораките што беа дадени до надлежните институции, од кои повеќето се уште не се реализирани. Во текот на работилницата имаше повеќе прашања од гостите и се разви активна дискусија.