spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Фудбалерите од „Братство“и „Владо Тасевски“ ќе се борат за фудбалскиот...

Карпош: Фудбалерите од „Братство“и „Владо Тасевски“ ќе се борат за фудбалскиот трон

Во рамки на Денови на Општина Карпош 2023, на фудбалскиот терен во населба Влае вчера беа одиграни полуфиналните мечеви меѓу основците од нашата општина. На одиграните полуфинални натпревари, екипата од ООУ „Братство“ со 1-0 беше подобра од ООУ „Димо Хаџи Димов“. Ждрепката одлучи ООУ „Димо Хаџи Димов“ претходно да се сретне со  ООУ „Петар Поп Арсов“ каде во неизвесен меч триумфираше основното училиште од Влае, со резултат 3-2. На другиот крај од ждребот, директно во финалето се пласираше тимот на ООУ „Владо Тасевски“ кој успеа со 3-2 да триумфира над ООУ „Лазо Трповски“.

Финалето за Денови на Општина Карпош ќе се одигра на 2.11 (четврток) со почеток во 10:00 часот на игралиштето во Влае, каде силите ќе ги одмерат екипите од ООУ „Братство“ и ООУ „Владо Тасевски“.

Прочитајте

Информација по повод одбележувањето на 8 септември, Денот на независноста

0
По повод 8 септември, Денот на независноста, Владата организира свечена програма под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“. Свечената академија ќе се одржи во...