Интензивно се работи на подобрување на патната инфраструктура на територија на Општина Илинден. Во рамки на Проектот за подобрување на патната инфраструктура-изградба, реконструкција, рехабилитација и санација на локалните улици и патишта извршено е асфалтирање на дел од улица „11“ во населено место Кадино, во должина од околу 300 метри и широчина од 5,5 метри.
На терен додека се асфалтираше присуствуваше и градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски кој информираше дека потребата за реконструкција се јави поради тоа што оваа улица беше доста оштетена, а покрај реконструкцијата на коловозот изградена е пешачка патека со ширина од 1,5 метри. Во наредниот период Општина Илинден ќе продолжи со изградба, реконструкција и санација на локалните улици и патишта и на други локации, затоа што патната инфраструктура е еден од приоритетите во работењето на локалната самоуправа, а средствата се обезбедени од Буџетот на Општина Илинден.