spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗШВ: Повик за поднесување на предлози за Програмата за финансиска поддршка на...

МЗШВ: Повик за поднесување на предлози за Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2024 година

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство започна подготовки за изработка на годишната Програма за финансиска поддршка на руралниот развој за 2024 година.

Процесот на програмирање е транспарентен и инклузивен.

За таа цел, ги повикуваме сите чинители во секторот, здруженијата, економските и социјални партнери на Министерството да земат активно учество преку поднесување на предлози и иницијативи за нови мерки или за подобрување на постоечките мерки во рамки на Програмата.
Сите заинтересирани страни можат да го превземат и пополнат фомуларот и истиот да го испратат на официјалната e-mail адреса на МЗШВ info@mzsv.gov.mk или во печатена форма до архивата на Министерството на адресата ул. Аминта Трети 2, 1000 Скопје, со назнака “До: Сектор за рурален развој”.

 

Документи за превземање

Иницијатива за мерки ПРР 2023

Прочитајте

Дурмиши нов претседател на ЕСС: Социјалниот дијалог е од клучно значење...

0
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши заедно со претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија Слободан Трендафилов и претседателката на Организацијата на работодавачи...