HomeМинистерстваМТСП: Родовото одговорно буџетирање не е изолиран процес, туку е дел од...

МТСП: Родовото одговорно буџетирање не е изолиран процес, туку е дел од интеграцијата на родовата перспектива во сите политики

spot_img
spot_img

Заменик министерот за труд и социјална политика Енвер Хусејин имаше воведно обраќање на Регионалниот форум за Родово Одговорно Буџетирање, завршен настан во рамки на проектот „Низ женски леќи: покревање на политики и буџетски иницијативи, следење на спроведувањето на локалните акциски планови за родова еднаквост”.

 

На почетокот од своето обраќање на Форумот, заменик министерот Хусејин потенцираше дека родовата еднаквост и еднаквите можности на мажите и жените се приоритет и цврста определба на Владата на Република Северна Македонија, дополнувајќи дека во континуитет се преземаат активности за унапредување на целокупното законодавство, политиките и стратешките документи кои се поврзани токму со овие области.

Хусејин информираше дека родово одговорни буџетски иницијативи во Република Северна Македонија започнаа да се спроведуваат од 2009 година од страна на Министерството за труд и социјална политика.

„До денес, родово одговорното буџетирање е пилотиранo во 14 ресорни министерства и 7 државни агенции со континуирано стручно менторство обезбедено од UN Women”, истакна Хусејин.

Исто така, Хусејин информираше дека минатата година се воспостави Ресурсен Центар за родово одговорно креирање на политики и буџетирање, кој обезбедува експертска поддршка, добри практики, истражување, ресурси, и обуки за градење на капацитетите на јавните службеници во областа на родово одговорното буџетирање. Тој е прв ваков центар отворен во регионот и има за цел да прерасне во регионален центар на знаење.

Досега, во Ресурсниот центар спроведени се 32 обуки  и обучени 498 лица од јавната администрација на тема родова еднаквост и родово одговорно буџетирање, како и  од областа на недискриминација.

Заменик министерот Хусејин потенцираше дека родовото одговорно буџетирање не е изолиран процес, туку е дел од интеграцијата на родовата перспектива во сите политики со цел подобрување на позицијата на жената и намалувањето на родовата нееднаквост.

 

Извор: Министерство за труд и социјална политика 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија