HomeМинистерстваМТСП: Тренчевска - Соработката помеѓу нашата држава и Туркије е мост кој...

МТСП: Тренчевска – Соработката помеѓу нашата држава и Туркије е мост кој овозможува поголеми пријателски односи

spot_img
spot_img

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со делегацијата на Република Северна Македонија во Туркије се сретнаа со Градоначалникот на Општина Каршијака, Џемил Тугај. На почетокот од средбата министерката Тренчевска ја искажа благодарноста за поканата до делегацијата да биде во нивната земја со цел размена на искуства и потврдување на соработката помеѓу двете држави.

Градоначалникот, Тугај на средбата истакна дека Република Северна Македонија е блиска земја со Туркије посочувајќи на корените на нивниот основоположник, Кемал Ататурк е со потекло од РСМ.

 

Фокусот на дискусијата на средбата беше на негување на засебноста на македонскиот и на турскиот народ. Тренчевска истакна дека во РСМ има градинки каде што воспитно-образовната програма се изведува на турски јазик и се овозможува негување на нивната култура уште од најрана возраст.

На крајот од средбата беа искажани убедувања дека досегашната поддршка и соработка е само почеток и дека истата во иднина ќе се продлабочува.

 

Извор: Министерство за труд и социјална политика 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија