Почитувани граѓани,
Достапна е работна верзија од Стратегијата за локален развој за период 2024 – 2028 година, со цел да ја разгледате, дадете свои мислења, забелешки и предлог идеи за дополна на стратегијата. Стратегијата е изработена низ процес со менторска поддршка од проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите.
Сметаме дека секој од Вас може да одвои време и да даде свој придонес во креирањето на ваквиот документ.
Вашите мислења, забелешки и предлог идеи ги очекуваме најдоцна до 20.10.2023 година, за понатамошно процесуирање и усвојување на Стратегијата за локален развој од страна на Советот на Општина Македонски Брод.
Вашите мислења, забелешки и предлог идеи можете да ги испратите на службената е- маил адреса opstina@mbrod.gov.mk
Стратегијата за локален развој за период 2024 – 2028 година – работна верзија, можете да ја погледнете на следниот ЛИНК.
Извор: Општина Македонски Брод