spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: Препораките од тимот експерти на МОТ ќе придонесат за унапредување на...

МТСП: Препораките од тимот експерти на МОТ ќе придонесат за унапредување на процесите во државата во областа на трудот

Економско-социјалниот совет ја оддржа 14-тата седница, на која покрај претставници на членовите на ЕСС, редовно присуствуваат и претставници на нерепрезентативните синдикати.

Оваа седница имаше за цел презентација на препораките и заклучоците на тимот експерти од Мисијата за директен контакт на Меѓународната организација на трудот (МОТ), по анализирањето на примената на Конвенцијата за правото на организирање и колективно договарање, 1949 г. (бр. 98) во Република Северна Македонија.

 

Во рамките на Мисијата за директен контакт, тимот на експерти во текот на неколкудневниот престој  во земјата оствари серија на состаноци со државни институции, претставници на синдикатите, работодавачите, Државниот инспекторат на трудот, Правобранителот, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и  претставници на други организации кои работат во областа на трудот.

Целта на состаноците беше да се согледа примената на Конвенцијата за правото на организирање и колективно договарање, 1949 г. (бр. 98) од страна на Република С. Македонија во закон и пракса, да се идентификуваат предизвиците, да се дадат препораки, но и да се предвиди понатамошна поддршка во примената на препораките на Комитетот за примена на стандардите на МОТ.

Еден од заклучоците на тимот експерти е дека, Република Северна Македонија покажува силна посветеност на примената на меѓународните стандарди на трудот и е една од малкуте земји која ги има ратификувано сите конвенции за слобода на здружување и колективно договарање, кои се фундаментални конвенции во областа на трудовото право. МОТ останува поддржувач на земјата во понатамошните процеси на социјалниот дијалог, колективното договарање и при носењето на реформи во областа на трудот вклучително и новиот Закон за работни односи.

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска како претседавач на Економско–социјалниот совет се заблагодари на тимот експерти за нивната посветена работа и изрази увереност дека донесените препораки ќе придонесат за унапредување на процесите во областа на трудот. Притоа додаде дека Владата како и досега ќе продолжи со одржување на социјалниот дијалог во државата и се осврна на нејзината улога на флексибилен партнер помеѓу претставниците на работодавачите и работниците, со цел успешно решавање на важни економски и социјални прашања во државата од кои се засегнати сите граѓани.

 

 

 

 

Извор: Министерство за труд и социјална политика 

Прочитајте