spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: Поддршката на лицата со попреченост се гледа во реализирање на активности...

МТСП: Поддршката на лицата со попреченост се гледа во реализирање на активности кои го унапредуваат нивниот квалитет на живот

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска се сретна со Сабина Грубенсон, генерален секретар на „Лоза“ Фондацијата и Пер Рилов, претседател на управниот одбор на фондацијата „Лоза“.

 

На средбата се разговараше за идни проекти кои можат да се реализираат во соработка на Министерството за труд и социјална политика и фондацијата.

На министерката и беше презентиран план за донација од фондацијата „Лоза“ од 3 сензорни соби, наменети за потребите на корисниците кои се сместени во Специјалниот завод Демир Капија.

Министерката на крајот од средбата се заблагодари за поддршката, разменетите идеи и искуства. Таа истакна дека секој преземен чекор е во насока на подобрување на условите за живот на лицата со попреченост. Тренчевска посочи дека деинституционализацијата продолжува да биде приоритет во нејзината работа.

 

 

 

 

 

Извор: Министерство за труд и социјална политика 

Прочитајте

МЖСПП: Состанок со АДКОМ за проблемот со побарувањата на ЈКП

0
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска присуствуваше на состанокот со Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ на кој...