spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: Тренчевска - „Црвен Крст“ – наши верни партнери во грижата и...

МТСП: Тренчевска – „Црвен Крст“ – наши верни партнери во грижата и хуманоста

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска беше дел од говорниците кои ја отворија промоцијата на Развојната рамка на Црвен крст на РСМ “Трансформација – 28”. Воедно Тренчевска беше дел и од панел дискусијата “Градење на здраво и безбедно општество и потребата од ефикасно мобилизирање на ресурси за одговор на современите хуманитарни предизвици”.

Тренчевска на панел дискусијата зборуваше за услугите кои ги спроведува Министерството за труд и социјална политика и за начините на кои министерството ги доближува услугите до граѓаните.

 

„Јас би се навратила на социјалната реформа која ја направивме во 2019 година. Процесот на имплементација на реформата особено во делот на испораката на социјалните услуги, со што се овозможи вклученост на општините во планирањето, развојот и давањето на социјални услуги на локално ниво, во соработка со лиценцирани даватели на услуги“, рече Тренчевска.

Во однос на соработката на министерството и Црвениот Крст министерката истакна дека за неа е најважно услугите подеднакво да стигнуваат до сите граѓани, истакнувајќи дека Црвениот Крст е главен партнер во исполнување на таа цел.

 

„Волонтерите се наши пријатели со кои ги спроведуваме заедно активности во Центрите за активно стареење. Заедно спроведуваме активности во Центарот за активно стареење во Чаир, додека пред некој месец го отворивме и Центарот за активно стареење во Општина Босилово“, посочи Министерката.

На крајот од панел дискусијата министерката истакна дека министерството не ги поддржува само заедничките проекти туку и оние кои Црвениот Крст ги спроведува индивидуално како што е иницијативата „Итно копче“. Посочувајќи дека не е важно кој е имплементатор или кој ги спроведува услугите затоа што единствената цел е задоволството на граѓаните и одговорот на нивните потреби.

Со Организациите на Црвен Крст, Министерството за труд и социјална политика до сега вкупно има склучено 18 договори за грант и со истите се развиени услуги ( помош и нега во домот, лична асистенција, дневен престој за стари лица со активно стареење) кои заклучно со месец август ги имаат добиено 1043 корисници.

 

 

 

Извор: Министерство за труд и социјална политика 

Прочитајте

Гази Баба: Постапка за утврдување на штета врз земјоделските култури како...

0
Ги информирамe граѓаните на Општина Гази Баба дека по разговор на градоначалникот Бобан Стефковски со Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски започнуваме...