spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниСвети Николе: Ј А В Е Н П О В И...

Свети Николе: Ј А В Е Н П О В И К – Буџет за 2024

за прибирање на барања за користење на средства од Буџет на Општина Свети Николе за 2024 година, наменети за финансирање на програмски активности на здруженија на граѓани и фондации и спортски клубови и други форми на здружување во областа на спортот.

Врз основа на Одлука бр.0701-686 од 31.10.2008 год. и Одлука бр.0701-631 од 29.09.2008 год. донесени од Совет на Општина Свети Николе, Градоначалникот на општината го распишува следниот:

Ј А В Е Н   П О В И К

за прибирање на барања за користење на средства од Буџет на Општина Свети Николе за 2024 година, наменети за финансирање на програмски активности на здруженија на граѓани и фондации и спортски клубови и други форми на здружување во областа на спортот.

1. Потребна документација што здружението на граѓани / фондација треба да ја достави согласно Одлука бр.0701-686 од 31.10.2008 година:

Пропратно писмо со следнава документација во Прилог (докоментацијата да биде архивирана)

– рокот на регистрација на здружението да не е пократок од шест месеци од денот на поднесување на барањето за доделување на средствата за финансирање;

– Соодветна документација за извршена регистрација (Централен регистар), согласно позитивните законски прописи;

– Статут на здружението согласно позитивните законски прописи;

– Годишна програма за работа;

– Наративен и финансиски извештај за последните две години;

– Листа на реализирани домашни и меѓународни проекти и заеднички проекти со општината;

– Пополнет Формулар за аплицирање (потпишан и заверен од овластено лице)  – кој може да се подигне од Канцеларијата за локален економски развој или на веб-страната на општината (svetinikole.gov.mk);

2. Потребна документација што спортските клубови и другите форми на здржување во областа на спортот, како и за идржување на спортски манифестации треба да ја достави согласно Одлука бр.0701-631 од 29.09.2008 година:

Пропратно писмо со следнава документација во Прилог (докоментацијата да биде архивирана)

– Соодветна документација за извршена регистрација, согласно позитивните законски прописи;

– Годишна програма за работа;

– Поднесување на извештај за работа во последните две години (се однесува на клубови кои постојат повеќе од две години), како и извештај за потрошените средства

– Лигата во која се натпреваруваат спортските клубови;

– Број на деца и млади до 14 години и допринос за унапредување на здравјето и спортскиот дух кај младите генерации;

– Пополнет Формулар за аплицирање (потпишан и заверен од овластено лице)  – кој може да се подигне од Канцеларијата за локален економски развој или на веб-страната на општината (svetinikole.gov.mk);

3. Рок и начин на доставување на Барањата

Рокот на поднесување на Барањата и целокупната документација е до 27.10.2023 год. во Архива на Општина Свети Николе секој работен ден од 07:30 ч. до 15:30 часот.

Дополнителни информации можат да се добијат во Канцеларијата за локален економски развој во општината, кај лицата Ивица Арсов, и Кристијан Бошков како и на ВЕБ страната www.svetinikole.gov.mk

ПРИЈАВА

Одлука за утврдување на критериуми за финансирање на спортски клубови и други форми на здружување

 

 

Извор: Општина Свети Николе

Прочитајте