spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЦентар: Час по локална самоуправа во ООУ „Коле Неделковски“

Центар: Час по локална самоуправа во ООУ „Коле Неделковски“

Градоначалникот на Општина Центар одржа час со учениците од четвртите одделенија од ООУ „Коле Неделковски“ и ги запозна со неговата работа, како функционира локалната самоуправа и Советот на Општина Центар, а дискутираа и за прашања што се однесуваат на темата за локална самоуправа, согласно наставниот предмет Општество.

Герасимовски истакна дека развојот на општината и задоволството на граѓаните зависат од работата на вработените во локалната самоуправа и од неговата улога како градоначалник, за Општина Центар да биде модерна, напредна, уредена и чиста општина за идните генерации.

Во рамки на училишната посета во Општина Центар, учениците учествуваа во едукативна работилница „Нацртај го своето стебло“ за проектот Боренка што го реализира Сојузот на извидници во Младинскиот центар и има цел да ги информира учениците за зачувување на животната средина и за акциите за пошумување на опожарени подрачја. Додека во Советот на Општина Центар, учениците имаа можност да се запознаат со урбанистичкото планирање на територијата на Општина Центар, преку интерактивна презентација со вработени во Општината од Одделението за урбанизам.

Прочитајте

Информација по повод одбележувањето на 8 септември, Денот на независноста

0
По повод 8 септември, Денот на независноста, Владата организира свечена програма под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“. Свечената академија ќе се одржи во...