spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: Тренчевска - Продолжувањето на соработката меѓу двете земји останува на младите

МТСП: Тренчевска – Продолжувањето на соработката меѓу двете земји останува на младите

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска беше на средба со Валијата на Град Маниса, Енвер Унлу. На средбата се разговараше за важноста од поврзаноста на регионите и за пријателските односи помеѓу земјите.

 

Валијата истакна дека Балканот е недосонуваниот сон на Турција и затоа за него од особена важност да се одржуваат топлите односи меѓу државите. Тој се надоврза на моменталната ситуација во светот и воените конфликти, истакнувајќи дека мирот во регионот моментално е најважен.

Тренчевска зборуваше за соработката помеѓу земјите и за инвестициите кои Турција ги остварува во РСМ. Министерката истакна дека покрај овозможувањето на најмладите да учат на турски јазик во нашата земја таа истакна дека Владата ги поддржува и младите од Турција преку стипендии за студии во нашите универзитети.

На крајот од средбата Валијата ја покани Тренчевска на фестивалот на виното и маџунот, истакнувајќи дека маџунот се смета за лековит уште од времето на Султан Сулејман и дека тоа е манифестација која не треба да се пропушти. Тренчевска исто така го покани Валијата во РСМ особено во општините во кои веќе е воспоставена соработка.

 

 

 

 

Извор: Министерство за труд и социјална политика 

Прочитајте

МЈА: Министерот Минчев оствари средба со Амбасадорката на Германија во Република...

0
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, оствари средба со Амбасадорката на Германија во Република Македонија, Н.Е. Петра Дрекслер. Фокусот на средбата беше можноста за унапредување...