Агенцијата за млади и спорт организираше прием за Македонските претставници кои освоија вкупно 4 медали на Балканското првенство во бокс за јуниори и младинци, кое се одржа во Романија.
Бајрам Мамутовски, боксер на БК „Куманово 84“ освои златен медал, откако во финалето го победи Бадеа Драгош од Рома нија, додека пак Ери Хани се задоволи со сребро. Адријан и Ружди Рустемовски освоија бронзени медали.
Директорот на Агенцијата за млади и спорт, задоволен од нагорната линија во која оди боксот, особено кога станува збор за младинските категории, со претставници на Боксерската федерација ги прокоментираа и успесите од региналниот Опен балкан, одржан во Куманово, со учество на над 100 боксери од регионот, но и за освоената „Златна Ракавица ” на Алем Рустемовски на 66-то издание во Чачак.
Извор: Агенција за млади и спорт