Секоја година октомври ја означува глобалната кампања за борба против ракот на дојка и со таа цел, денес ја боиме страната во розово, за да испратиме порака за надеж, сила, љубов и единство.
Подигнувањето на свесноста за болеста и раното откривање се од суштинско значење, особено со оглед на тоа дека ракот на дојка е првата најчеста причина за смртност кај жените. За да ја сочуваме и одржиме својата благостојба, а притоа успешно да се носиме со секојдневниот динамичен ритам на живот каде обидувајќи се една минута да ја претвориме во две, треба да ја приоритизираме грижата за нашето физичко и ментално здравје. Сите сметаме дека болеста е далечна се додека не нѝ се случи нам, а статистиките потврдуваат дека дури 80 проценти од пациентите дијагностицирани со карцином на дојка немаат семејна историја и истиот не прашува за години.
Токму затоа октомври е месец кој нé потсетува да не се откажуваме од животот и никогаш да не престанеме да се сакаме себеси – со коса, без коса, со веѓи или без нив, слаби или елегано пополнети од терапии и други “нус“ појави – ништо од тоа не е важно ако се сакаме одвнатре и зрачиме љубов, бидејќи можеме да надминеме се.
Иуте Кредит го одбележа овој октомври со организација на прегледи на дојка за сите жени вработени, со цел не само да покажеме одговорност кон нашите вработени, туку да пренесеме силна порака и да ги поддржиме сите оние кои ја водат оваа битка.
“Како компанија посветуваме многу грижа на благосостојбата на вработените, затоа што ние не сме само колеги, туку и пријатели. Секоја од нас е нечија мајка, жена, сопруга…Секоја од нас има сопствена улога. Грижата за женското здравје не е само да се биде свесен, туку да се превземе конкретен чекор, одговорност, и за себе и за нашите најблиски. Само раната детекција и навремените прегледи можат да спасат животи. Бидете одговорни кон вас самите, но и кон другите околу вас. Одвојте време за преглед, не чекајте, не одложувајте.”-вели Златка Петреска, специјалист за човечки ресурси во Иуте Кредит.
“„Заборавив“ и „немам време“ не се оправдувања, бидејќи освен обврските кон другите, имаме обврски и кон себеси. Со мали чекори може да извојуваме големи победи. Клучната порака што би сакала да ја упатам е дека за успехот во секој домен, а воедно и за одржување на здравјето, многу е важна самодисциплината. Во овој случај, самодисциплината значи самопреглед, кој одзема само две минути. Ви препорачувам самопрегледите да станат дел од вашето секојдневие. Да негуваме добри животни навики преку внес на квалитетна здрава храна, доволно сон и престој во природа. Да не се бориме со тежината на брзото и динамично секојдневие кое неретко знае да предизвика хроничен стрес и умор, туку да ја подигнеме нашата емоционална интелигенција и да научиме да се носиме успешно со сите неизвесности.”- вели Катерина Кулеванова, Раководител на одделот за наплата во Иуте Кредит.
“Голема благодарност до нашата компанија која нé охрабри да се инволвираме во месецот на подигнување на свесност за ракот на дојка. Ширењето на пораката за значењето од навремени прегледи и дијагноза може да ја промени големата слика. Илјадници жени и нивните семејства секоја година поминуваат низ битката наречена рак на дојка. Битката е долга, тешка и исцрпувачка. На оние што се борат со оваа болест сакаме да им ја пренесеме пораката дека не се сами. Редовните прегледи се најдобрата превенција.”- вели Марина Андоновска, Асистент за човечки ресурси и усогласување на политики.
Да не лекуваме, туку да спречиме. Само една минута сапопреглед и редовни контроли можат да спасат живот. Да го надминеме стравот. Ова си го должиме себеси и на нашите сакани. Животот е убав, живејте го со полни гради, безгрижно и спокојно.
Со љубов, тимот на Иуте Кредит!
Извор: ИутеКредит Македонија