spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниВелес: Октомври - Месец за постигнување на свеста за ракот на дојката

Велес: Октомври – Месец за постигнување на свеста за ракот на дојката

Алармантни се бројките на заболени жени од рак на дојка во Велес и велешко. Во првото полугодие од годинава регистрирани се 292 жени со овој тип на канцер. Во 2022 биле регистрирани 423 жени заболени од рак на дојка, во 2021- 368, а во 2020 година 365 жени. Овие податоци беа изнесени на вчерашната трибина на тема „Превенција и рана детекција на рак на дојка“ што се одржа во медиотеката на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ во организација на Организација на жени Општина Велес во соработка со Комисијата за еднакви можности при Општина Велес.

Предавач на трибината беше Др. Родна Јорданова која истакна дека раната детекција и превенција се клучни за намалување на смртноста и до 30 %. Присутните на трибината ги поздрави претседателката на Организација на жени Мира Трајкова како и претседателката на Комисијата за еднакви можности Весна Атанасовска.

Според податоците на СЗО, ракот на дојка е најчеста форма на рак во светот која го надмина и ракот на бели дробови. Во Македонија секоја година се дијагностицирани повеќе од 750 случаи на рак на дојка кај жени кои спаѓаат во возрасна група од 45 до 49 години и од 55 до 59 години. Смртноста од рак на дојка е во пораст, од 310 смртни случаи во 2010 година како последица на канцер на дојка, во 2022 година е зголемен на 356 смртни случаи.

Целта на трибината е да се подигне свеста кај жените за сериозноста на болеста која во голема мера може да се спречи односно да се излекува доколку навреме се открие и соодветно се лекува.

Секоја година, месец октомври се одбележува со настани за подигање на свеста за ракот на дојка во земјите ширум светот.

 

 

 

 

Извор: Општина Велес 

Прочитајте