spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Во тек е аплицирање за субвенциониран студентски оброк за студентите кои...

МОН: Во тек е аплицирање за субвенциониран студентски оброк за студентите кои досега не го оствариле правото

Министерството за образование и наука информира дека од денес отворена е можноста за аплицирањеза субвенциониран студентски оброк за студентите кои поради било каква причина не се пријавиле или не го оствариле правото преку претходните повици. Крајниот рок за пријавување преку порталот https://e-uslugi.mon.gov.mk/ е 7ми ноември.

По завршување на рокот за пријавување, кандидатите кои ги исполниле условите ќе бидат известени за тоа преку порталот каде ја поднеле својата апликација. Потоа, потребно е да се регистрираат на активната онлајн платформа на Шпаркасе Банка, со која МОН склучи нефинансиски договор за реализација на мерката и да ги ажурираат своите податоци на https://netbanking.mk/studentPortal, по што ќе добијат информација преку СМС за точното време и место за потпишување на договор за отворање на посебна сметка и за подигнување на наменскaта студентскa Visa картичкa за субвенциониран оброк.

Секој апликант кој има потреба од непосредна поддршка при аплицирањето може да се обрати на следниот контакт: so.us@mon.gov.mk или во наменската канцеларија на приземјето во зградата на министерството.

Студентите кои ќе го остварат ова право, средствата во износ од 140 денари дневно можат да ги користат од понеделник до сабота, за купување храна во маркети, пекарници, ресторани и други правни лица кои произведуваат, подготвуваат или продаваат храна.

Потсетуваме дека можноста за аплицирање ќе биде отворена и секој нареден месец, од 1ви до 7ми, за студентите кои претходно не го оствариле правото поради било каква причина.

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте