Изминатиов викенд, Гевгелија беше домаќин на Сипмозиум за развој на стоматологијата како медицинска гранка во организација на Македонското имплантолошко здружение. Пред големиот број еминентни доктори и специјалисти од областа на стоматологија, претставници на МИЗ и над 300 учесника, се обрати и ги поздрави градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов:
– Mи претставува особена чест што Општина Гевгелија е домаќин на Симпозиумот: „Денешните трендови, предизвици и иновации во денталната медицина“ и дел од соработката за негова организација. Гевгелија е град со бројни стоматолошки организаци и предводник на денталниот туризам во Македонија со докажани и искусни стоматолози кои секојдневно работат со своите пациенти и даваат огромен придонес во локалниот економски развој во општината.
Истовремено, Сарамандов изрази благодарност до сите стоматолози за нивната посветеност и работа, како и поддршка на ваквите настани кои имаат за цел афирмација и промоција на општина Гевгелија.
Извор: Општина Гевгелија