spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаКовачевски - Вадефул: Германија ја реафирмира поддршката за европерспективите, се очекува следниот...

Ковачевски – Вадефул: Германија ја реафирмира поддршката за европерспективите, се очекува следниот клучен потег од Северна Македонија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, се сретна со Јохан Вадефул, пратеник во Бундестагот на Сојузна Република Германија, заменик-претседател на пратеничката група на ЦДУ/ЦСУ во Бундестагот одговорен за прашања од доменот на надворешните работи и одбраната.

На состанокот на кој присуствуваше и заменикот на претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ се разговараше за актуелни прашања од значење за нашата држава и за стабилноста и безбедноста на регионот и на Европа.

Од двете страни се нагласи значењето на претстојниот чекор на Република Северна Македонија, што треба да ги осигура европските перспективи на државата. Оценката е дека пред нашата земја е навистина неповторлива шанса, во динамичен процес, во следните неколку години, да стане членка на Европската унија. Ова, како што е констатирано, е резултат на политиките на Северна Македонија и одговорното однесување, посебно во новиот геополитички контекст и предизвици за Регионот, Европа и светот.

Во разговорот е акцентирано дека проширувањето на Европската унија никогаш порано не било толку високо на агендата на ЕУ.

Премиерот Ковачевски се заблагодари за секогаш навремената, силна, континуирана и гласна поддршка од Германија за европерспективите на Северна Македонија.

„Германија, како најголема земја членка на ЕУ, има посебна улога и одговорност за иднината на Западен Балкан во ЕУ. Политиката на проширување е движечка сила за мир, демократија, владеење на правото и просперитет во Европа. Ние сме фокусирани на можноста пред нас за натамошно унапредување на нашиот интегративен пат во ЕУ. И веруваме дека заедно со европски определените политички сили во државава, како со поддршката од нашите големи европски пријатели, како Германија, за македонските граѓани е достижен заслужениот и очекуван европски квалитет на живот“, рече премиерот Ковачевски.

Пратеникот Вадефул истакна дека клучните германски политички партии ја поддржуваат европската перспектива на земјите од Западниот Балкан. Изрази разбирање за критичната фаза од процесот на евроинтегрирање во која се која се наоѓа Северна Македонија и нагласи дека неискористувањето на прозорецот на можности кој е отворен пред земјата ќе донесе неизвесност за која никој не може да предвиди како ќе изгледа и колку ќе трае.

 

 

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте