spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЦентар: 37 стипендии од областа на науката, техниката и посебните вештини за...

Центар: 37 стипендии од областа на науката, техниката и посебните вештини за учебната 2023/2024 година

На учениците кои постигнаа високи резултати на државни и меѓународни натпревари во повеќе научни дисциплини, Општина Центар им додели стипендии за учебната 2023/2024 година. Стипендиите се во висина од 2.500 и 3.000 денари и истите ќе бидат исплаќани на месечно ниво до крајот на учебната година.

Градоначалникот Горан Герасимовски им честита на стипендистите за досегашните успешни резултати и им посака поголем поттик и мотивација за да се развиваат во успешни и перспективни кадри.
По повод Денот на Општината беа доделени и пофалници за најдобрите ликовни и литературни творби на тема “Мојот Центар, мојот мал свет“.

Прочитајте

Центар: Герасимовски – Ново Маало доби реконструирана улица „Блаже Тодоровски” и...

0
Градежните активности за реконструкција на улицата „Блаже Тодоровски“ во Ново Маало влегуваат во завршна фаза. Денеска започна асфалтирањето на коловозот во должина од 135 метри...