spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЦентар: Училишни спортски игри – Лига Центар 2023/2024

Центар: Училишни спортски игри – Лига Центар 2023/2024

Во спортската сала на ООУ „11 Октомври“, градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, свечено ги отвори училишните спортски игри – Лига Центар 2023/2024 и со спортски поздрав им посака ферплеј во идните спортски натпревари.
Ученици од сите осум општински основни училишта на територијата на Центар ќе се натпреваруваат во пет спортски дисциплини, односно во кошарка, ракомет, фудбал, одбојка и шах.
Се надеваме дека со овие училишни игри ќе ги поттикнеме основците да се посветат на спортот, да го развиваат тимскиот дух и да се дружат.
По повод роденденот на Општината – 3 ноември, градоначалникот и претставници од Одделението за образование, млади и спорт, доделија 40 стипендии за успешни млади спортисти – ученици во основните училишта во Општината.

Прочитајте

УЈП: Поради зголемен прилив на ДДВ-04 пријавите, системот Е – Даноци...

0
Управата за јавни приходи ја известува јавноста дека поради зголемен прилив на поднесувања на ДДВ-04 пријавите, некои даночни обврзници имаат потешкотии при поднесувањето на...