spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЕ: Бектеши во Дневникот на Сител - Мерките дадоа резултат, инфлацијата во...

МЕ: Бектеши во Дневникот на Сител – Мерките дадоа резултат, инфлацијата во делот на храната во октомври ќе биде под 2%, вкупната инфлација ќе биде преполовена

„Според моите првични податоци за месец октомври кои ќе ги објави Државниот завод за статистика следната недела инфлацијата во делот на храната ќе биде под 2%, а вкупната инфлација во државата ќе биде преполовена споредено со претходниот месец и тоа е како резултат на мерките кои ги усвои Владата, посебно Министерството за економија“ кажа министерот за економија во гостувањето во Дневникот на Сител Телевизија.

Министерот потенцираше уште еднаш дека мерките се носени во постојана комуникација, состаноци со сите засегнати страни од производителите и до дистрибутерите и ланците на супермаркети. Воедно упати порака до сите ланци на супермаркети, по добиените пријави од дистрибутери и производители да не бараат прикрување на одредени давачки.

„Имаме пријави од дистрибутери и производители дека од нив се бара одредени давачки како што се рабат, рекламирање, маркетинг и слично да се прикријат, им порачувам на супермаркетите да не го прават тоа, затоа што го знаат Законот за потрошувачи. Да не се доведеме повторно во ситуација, дел од големите ланци на супермаркети да бидат затворени. Но, овој пат тоа нема да трае само пет дена, овој пат ќе трае 30 дена“ кажа министерот.

На прашањето за објавените информации во грчките медиуми дека Грчкиот електропреносен систем оператот има интерес да го купи МЕПСО, министерот кажа дека во Владата и во Министерството за економија нема стигнато понуди од страна на грчката компанија.

“Додека сум јас министер за економија во делот на енергетската структура ние правиме големи напори таа да остане во рацете на државата, бидејќи тоа е стратешка компанија која може да влијае во делот на безбедноста на државата“ кажа министерот Бектеши

Владата како што потенцираше министерот Бектеши досега не донела ниту одлука за на било кој начин да приватизира дел од МЕПСО, туку како што кажа министерот, “Владата донесе одлука спротивно на оваа, таму каде што имаше приватен партнер во делот на гасоводот ги купивме акциите, бидејќи за нас е важно инфаструктурата во делот на енергетиката да биде во сопственост на државата“

На прашањето за негативните реакции на дел од експертите за проектот Чебрен за изградба на хидроцентрала на Црна Река по пат на јавно приватно партнерство министерот кажа дека треба да се има во предвид дека за овој проект за кој се разговара со децении по многу неуспешни обиди за прв пат има сериозен понудувач кој би го реализирал.

„Грчката компанија не беше единствен понудвач за проектот Чебрен, имаше компании понудувачи и од Франција и од други европски земји и согласно спецификациите на јавниот повик, со кои се бараа и ЕСМ да биде вклучен во сопствеништвото на наредната компанија. Грчката компанија беше согласна на ова барање и да биде јасно за граѓаните, има и дополнителни услови кои мора да ги прифати потенцијалниот инвеститор ако сака да склучиме договор. Ако се прифатат сите услови на Владата согласно тендерската документација, тогаш тој договор ќе биде склучен кој предвидува вклучување на ЕСМ во новата компанија, потоа државата да има предност во делот на продажба на електрична енергија и други технички работи кои транспарентно ќе бидат објавени“ кажа министерот.

 

 

 

Извор: Министерство за економија 

Прочитајте

Фетаи – Ларсон Џаи: Борбата против корупцијата и владеењето на правото...

0
Заменик претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за политики на добро владеење, Арбен Фетаи, денеска во просториите на Владата ја прими амбасадорката...