Го реализиравме проектот за бесплатна ученичка униформа, во пет различни бои, за секој ученик од општинските основни училишта во Гази Баба.
Сите 6800 ученици ги добија бесплатните униформи.
Ова е за прв пат во историјата, Општина Гази Баба да обезбеди бесплатна униформа за секој ученик.
Реализацијата на овој проект доаѓа како исполнување на ветувањето од градоначалникот Бобан Стефковски, дека секој ученик ќе добие бесплатна училишна униформа.
Со овој проект ќе делуваме на ослободување на децата од предрасудите и на сите нив им останува единствената обврска да го совладуваат материјалот кој им се предава од страна на наставничкиот кадар.
Извор: Општина Гази Баба