Градоначалникот Бобан Стефковски имаше средба со Роберт Скот Хајзлет, виш директор на НДИ (National Democratic Institute) со кој разговараа за можностите за воспоставување на идна заедничка соработка преку реализација на проекти.
На средбата, директорот Скот се запозна со работата на Општина Гази Баба во повеќе области, а со посебен фокус на реализација на проектите од областа на еднаквите можности за жените и мажите.
За Општина Гази Баба оваа средба претставува почеток на реализација на голем број заеднички проекти во иднина, а посебен е придизвикот да се соработува со Националниот демкратски институт кој потекнува од нашиот стратешки партнер Соединетите Американски Држави.
Изминатиот период општина Гази Баба со НДИ соработуваше во реализација на проектите за Унапредување на родовната еднаквост, а ќе се вклучиме и во проектот Зајакнување на капацитетите на локално ниво.
Националниот демократски институт и Општина Гази Баба ќе започнат со реализација на нов проект кој е особено важен, а тоа е Анти – корупција на локално ниво.
Националниот демократски институт во својата визија се залага за свет во кој преовладуваат демократијата и слободата, со достоинство за сите.
Општината е отворена за соработка со цел реализација на проекти со сите домашни и меѓународни организации.
Извор: Општина Гази Баба