spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: Пуштено во употреба игралиште за баскет во Мралино

Илинден: Пуштено во употреба игралиште за баскет во Мралино

Во рамки на повеќе дневните активности за одбележувањето на патрониот празник на ООУ „Ристо Крле“, денеска беше пуштено во употреба игралиштето за баскет кое се наоѓа до подрачното училиште Ристо Крле во населеното место Мралино.

Игралиштето за баскет е во должина од 15 метри, ширина 15 метри, со асфалтирана површина, поставена е мини трибина, кош, како и соодветно обележување. Со неговата изградба се збогатува училишниот двор со уште еден уреден спортски терен кој е од особено значење за спортскиот живот и подобрување на наставата по физичко и здраствено образование на учениците од населеното место Мралино.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски заедно со директорот на училиштето, Јовче Петковски го посетија игралиштето. Градоначалникот Георгиевски истакна дека со изградбата на ова игралиште локалната самоуправа уште еднаш ја покажа поддршката во спортот, бидејќи само низ игра, рекреација и спорт, децата и младите го развиваат духот на пријателството. Тој додаде дека играта на баскет претставува еден вид традиција и урбана култура во општина Илинден.

Општината и во наредниот период ќе продолжи со поддршка на спортот и реализација на инвестиции во спортската инфраструктура и во останатите населени места.

Прочитајте

МЈА: Известување за јавна расправа во рамките на 9. седница на...

0
Министерството за јавна администрација, Ве известува дека на 28 октомври 2024 година, со почеток во 10:00 часот, во Сала „Борис Трајковски“ во Собранието на Република Северна Македонија, ќе...