HomeОпштиниЦентар: Герасимовски - Целта ни е преку „Енергија Центар“ да станеме енергетски...

Центар: Герасимовски – Целта ни е преку „Енергија Центар“ да станеме енергетски независни

spot_img
spot_img

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски заедно со директорот на ТД „Енергија Центар“ Ванѓел Андреевски организираа работилница во младинскиот центар Матично, на која  гости беа Вјеран Пирсиц, Експерт од Енергетска Задруга Еко-Кварнер Крк од Хрватска, Каја Шукова министерката за животна средина како и претставници од Министерството за транспорт и врски, Регулаторната Комисија за енергетика и членови на Фондацијата ,,Фридрих Еберт”.

„Оваа работилница е одлична можност каде можевме да ги слушнеме искуствата кои се применуваат на островот Крк во Хрватска која се стреми да биде целосно енергетски независна користејќи ги обновливите извори на енергија. Целта на работилницата е презентирање на позитивните примери, споделување на идните планови во енергетската транзиција и одржливиот развој на локално ниво како и размена на искуства со сите присутни. Општина Центар со помош на стручната анализа за економската оправданост за формирање на ова претпријатие која ја изработи Фондацијата ,,Фридрих Еберт”, успеа да ги неутрализира ценовните шокови, да влијае во унапредувањето на квалитетот на живеење и придонесе кон поздрава животна средина“, рече Герасимовски.

Општина Центар е силно посветена на поставување на фотоволтаични системи на покривите на сите јавни објекти во општината. Засега градинката „Пепелашка“ е првата каде има поставено фотоволтаичен систем кој треба да ги задоволи потребите за електрична енергија и во зимскиот период, а во следниот период ќе бидат поставени и на покривите на другите градинки и основни училишта. Општина Центар вложува во развојот и иднината на сите генерации во општината.

 

 

 

Извор: Општина Центар 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија