административна надлежност на Министерството за информатичко општество и администрација. Во тек се активности во Министерството за воспоставување контакт со надлежните инстанци на Европската Унија од аспект на обезбедување прецизни чекори за натамошните неопходни административни и технички побарувања за поврзување на двата споменати системи преку TESTA”, рече министерот Спасовски на крајот од своето обраќање, заблагодарувајќи се на Секретаријатот на Конвенцијата за полициска соработка на Југоисточна Европа за досегашната поддршка и ангажман во олеснувањето на оперативната комуникација и работата на полициските служби на Југоисточна Европа.
Извор: Влада