spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: Соопштение

Град Скопје: Соопштение

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, по повод 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје ја одржа традиционалната средба со претставници на Градскиот одбор на Сојузот на борците од Народноослободителната антифашистичка војна на Македонија.

На средбата градоначалничката Арсовска им се заблагодари за тоа што со жар секогаш говорат и го одржуваат споменот за пожртвуваноста, храброста и одлучноста на борците против фашистичкиот окупатор, кои ги ослободија Скопје и Македонија за денешните и идните генерации да живеат во слободна држава.

Посакувајќи им добро здравје, градоначалничката Арсовска додаде дека на овој ден кој е празник на слободно Скопје, треба да се памети херојството и да се чува и развива нашиот град кој е синоним за соживотот и солидарноста.

Нека ни е честит и вековит 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје.

 

 

 

 

Извор: Град Скопје 

Прочитајте

МНР: Османи – Човечка должност ни е да осудиме геноцид, со...

0
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи учествуваше на отворена дискусија за коспонзорството на Северна Македонија на резолуцијата на ОН за геноцидот во Сребреница, при...