spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: Регионална средба на комунални претпријатија

Илинден: Регионална средба на комунални претпријатија

Општина Илинден и оваа година е домаќин на Регионалната средба на комунални претпријатија која е во организација на Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ, согласно проектот „Со подигнување на јавната свест до одржливи комунални услуги“.

На оваа регионална средба присуствуваше и градоначланиот на Општина Илинден, Александар Георгиевски заедно со директорите на комуналните претпријатија од Општина Илинден, Ивица Трипуновски и Борче Мицановски, кои се и координатори на проектот за скопскиот регион.

Генералната цел на настанот е да се подигне јавната свест за одржливи комунални услуги, едукација за значењето на комуналните услуги и навремена испорака во секојдневниот живот, како и предизвиците со кои се соочуваат јавните комунални претпријатија.

Градоначалникот Георгиевски во своето обраќање истакна дека комуналната дејност е една од основните надлежности на локалните самоуправи и најголем дел од барањата на граѓаните се токму во комуналните дејности. Работата на комуналние претпријатија е највидлива до крајните корисници, затоа треба да се посвети поголемо внимание од страна на централната власт со финансирање на проекти во делот на животната средина, односно во комуналните претпријатија.

Одржувањето на овие настани обезбедуваат можност за размена на искуства и дискусии околу важни теми поврзани со комуналните услуги и служат како кампања за подигнување на јавната свест за значењето на одржливоста и достапноста на комуналните услуги.

 

 

 

Извор: Општина Илинден

Прочитајте

Аеродром: Едукативна забава „Рециклирај, донирај, подобри“

0
Денеска во основното училиште „Александар Македонски“ под мотото „Рециклирај, донирај, подобри“ се одржа едукативна забава со цел да се мотивираат и анимираат учениците за активно учество и...