HomeОпштиниИлинден: Изградба на мултифункционално игралиште

Илинден: Изградба на мултифункционално игралиште

spot_img
spot_img

Општина Илинден започна со изградба на мултифункционално игралиште во делот кај спортската сала „Гоце Делчев“ во населба Илинден.

Новото мултифункционално игралиште кое за прв пат се гради од ваков тип во Општина Илинден, ќе се простира на површина од околу 1000 метри квадратни и ќе биде наменето за мал фудбал, кошарка, ракомет, одбојка, ќе се постави заштитна ограда, ќе биде поставено лед осветлување, ќе бидат поставени клупи, корпи за отпадоци, просторот ќе биде партерно уреден, со што ќе се добие комплетно нов лик на овој спортски простор во Илинден.

Со изградбата на мултифункционалното игралиште младите од Општина Илинден ќе добијат спортски терен граден според високи стандарди, каде ќе можат во спортски дух да се поминуваат слободното време.

Во наредниот период Општина Илинден ќе продолжи со изградба на нови и реконструкција на постоечките спортски терени и во останатите населени места, со цел да се добие уреден простор, но и безбеден за рекреација и забава на жителите во Општината.

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија