spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: Тренчевска - Развојот на човечкиот капитал може да се постигне преку...

МТСП: Тренчевска – Развојот на човечкиот капитал може да се постигне преку кредибилни секторски политики

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска со своето воведно обраќање го отвори тринаесеттиот пленарен состанок на Секторската работна група во областите образование, вработување и социјална политика.

Тренчевска го започна своето обраќање објаснувајќи ја целта на секторските политики и на законодавството. Таа истакна дека истите се насочени кон овозможување на еднакви можности, полесен пристап на пазарот на труд, праведни услови за работа и инклузивност, посочувајќи дека нивната имплементација е насочена кој создавање на праведна и одржлива економија и подобрување на животниот стандард на граѓаните со фокус на најранливите категории на граѓани.

 

„Од воведувањето во 2018 година до денес, над 80.000 млади лица се вклучија во Гаранцијата за млади. Показателите за последователно следење покажуваат дека околу 40% од младите лица кои добиле понуда биле во позитивна ситуација 18 месеци по напуштањето на системот за обезбедување услуги од Гаранцијата за млади, односно се вработени или се вклучени во некоја обука. Позитивните резултати од спроведувањето на Гаранцијата за млади се потстег за понатамошно зајакнато спроведување на активности за поголем опфат на младите лица и нивно вклучување во мерки за вработување согласно нивните потреби“ рече Тренчевска.

 

Министерката во насока на активација на невработените лица истакна дека на пазарот на труд ќе се продолжи со имплементација на активни мерки и услуги за вработување, одобено опфаќајќи ги најниско квалификуваните лица, корисниците на социјална помош и корисниците на Гарантирана минимална помош.

„Зголемувањето на минималната и просечната плата и сите мерки и заложби што беа преземени имаат влијание врз подобрување на животниот стандард на граѓаните, како и стимулирање на економската активност, продуктивноста на трудот и конкуренцијата. Грижата за животниот стандард на постарите лица е клучна, а пензиите имаат исклучително влијание врз вкупната сиромаштија. Покачувањето на пензиите е согласно новата методологија за раст на пензиите и согласно економските текови, се преземаат мерки за финансиска поддршка на најранливата категорија на пензионери“ рече Тренчевска во однос на креирањето на политики и мерки кои се однесуваат  на највозрасната популација во државата.

На крај министерката повика на споделување на различните ставови и искуства со цел да се креираат политики кои ќе одговараат на сите во државата.

 

 

 

 

Извор: Министерство за труд и социјална политика 

Прочитајте