spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Презентирани документите изготвени во рамки на проектот “Водата во контекс на...

МЖСПП: Презентирани документите изготвени во рамки на проектот “Водата во контекс на зелениот раст”

Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шуковаучествуваше на презентцијата на извештаите изготвени во рамки на проектот “Водата во контекс на зелениот раст”, кој е финансиран од канцеларијата на Светска банка во Република Северна Македонија и менаџиран од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање. Проектот имаше за цел да обезбеди документи, што ќе и помогнат на Владата на Република Северна Македонија, односно нејзините надлежни институции, во процесот на соодветното управување со водите.Svetska Banka

– Согласно Зелената Агенда, акцентот е ставен на одржливото користење на водните ресурси, што вклучува осигурување на доволно количество на вода за развојните потреби на сите корисници, водејќи сметка за природните можности на екосистемите, како и да се обезбеди заштита на луѓето и материјалните добра од поплави и други штетни ефекти на водата – истакна министерката Шукова во своето воведно обраќање, потенцирајќи дека политиката на МЖСПП во управување со водните ресурси e во насока на хармонизација на националното законодавство со законодавството на ЕУ.

Во рамки на проектот, беа изготвени два документи: „Водата за зелен и одржлив раст во Северна Македонија“ и „Преглед за безбедност на водата на Северна Македонија“, кои ќе претставуваат помошни алатки за остварувањето на барањата од Зелената агенда како стратешки императив на Владата на РСМ во идното управување со водите и отпадот во нашата држава.

 

 

 

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање 

Прочитајте