Општина Илинден е во процес на изработка на новиот Буџет за 2024 година, за таа цел ги известуваме сите граѓани, претставници на граѓански здруженија и правни лица дека ќе се одржи отворен ден во просториите на Општината на 25 ноември (сабота), со почеток од 10.30 до 13.30 часот и активно, заеднички да го креираме буџетот.
Жителите на Илинден имаат можност да бидат дел од промените и креирањето на Буџетот во Општина Илинден со директно учество за подобрување на квалитетот на локалните услуги и условите за живот.
Врвен приоритет на Општина Илинден е транспарентно и одговорно работење во служба на граѓаните, затоа ваквата инклузивна можност воспоставува процеси на брзо и квалитетно решавање на проблемите на жителите.
Извор: Општина Илинден