spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: Отворен ден со граѓаните

Илинден: Отворен ден со граѓаните

Општина Илинден е во процес на изработка на новиот Буџет за 2024 година, за таа цел ги известуваме сите граѓани, претставници на граѓански здруженија и правни лица дека ќе се одржи отворен ден во просториите на Општината на 25 ноември (сабота), со почеток од 10.30 до 13.30 часот и активно, заеднички да го креираме буџетот.

Жителите на Илинден имаат можност да бидат дел од промените и креирањето на Буџетот во Општина Илинден со директно учество за подобрување на квалитетот на локалните услуги и условите за живот.

Врвен приоритет на Општина Илинден е транспарентно и одговорно работење во служба на граѓаните, затоа ваквата инклузивна можност  воспоставува процеси на брзо и квалитетно решавање на проблемите на жителите.

 

 

 

Извор: Општина Илинден 

Прочитајте

ДЗС: Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, август 2024 година

0
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во август 2024 година, во однос на август 2023 година,...