Жителите на Општина Илинден на 12 локации низ Општина имаат на располагање специјализирани контејнери наменети за електричен и електронски отпад.
Општина Илинден согласно законските обврски кои произлегуваат од Законот за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема, во соработка со Друштвото за управување со отпад „Нула Отпад“ кое е колективен постапувач за управување со отпад од електирчна и електронска опрема започна со собирање и селектирање на електричен и електронски отпад.
На поставените контејнери има инструкции за користење како и список на дозволени видови отпад кои може да се фрлаат во него. Важно е да се напомене дека контејнерите не се наменети за комунален отпад, стакло, хартија, пластика, облека и слични материјали.
Целта е ефикасен и економски одржлив систем за собирање, селектирање, рециклирање, преработка и отстранување на отпадна електрична и електорнска опрема на подрачјето на Општината а со тоа спречување или намалување на негативните влијанија од создавањето и постапувањето со овој вид отпад.
Извор: Општина Илинден