HomeОпштиниИлинден: Чистење на каналската мрежа

Илинден: Чистење на каналската мрежа

spot_img
spot_img

Со цел да се обезбеди проточност на каналската мрежа од почетокот на годината досега исчистени се околу 22 километри, отворени одводни канали што се наоѓаат на територија на општина Илинден, во соработка со Водостопанство „Скопско Поле“, додека во соработка со ЈКП „Илинден“, општествено одговорни компании и граѓаните досега исчистени се околу 34 километри каналска мрежа.

Во изминатиот период се изврши машинско чистење на А-канал во населено место Илинден со вкупна должина од 3800 метри, машинско чистење на Сисавец 1 и Сисавец 2 на Главен канал кои се наоѓаат во локално-економската зона во населено место Марино во вкупна должина од 1300 метри.

Од страна на општина Илинден со општествено одговорни компании и ЈКП Илинден е извршено отварање на нови канали и одведување на атмосферските води, а со тоа и решавање на неколку критични точки. Направен е ископ на нови канали во населено место Бунарџик во должина од 400 метри, ископ на нов канал – крак на ул.9 со ул.21 и ул.23 – нивелирање на каналот и поставување на цевки во должина од 30 метри, ископ на нов канал на ул.1 во населено место Мралино и одведување на атмосферските води во канал Азмак со поставување на цевки  во должина од 6 метри, ископ на нов канал кој ги поврзува ул.10 и ул.7 во населено место Кадино и одведување на водите во Шамак.

Согласно предвидената динамика во тек е машинско чистење на канал Азмак на потег Марино-Мралино со вкупна должина од  4800 метри, а во текот на месец декември ќе се изврши машинско чистење на канал Шамак во населено место Кадино со вкупна должина од 1500 метри.

Со редовното одржување на каналската мрежа се овозможува непречен проток на атмосферските води, се спречува настанувањето на поплави и се обезбедува чиста животна средина која е еден од условите за квалитетен живот на населението.

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија