spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаКовачевски- Борел: Северна Македонија припаѓа на ЕУ, тоа е заедница на вредности,...

Ковачевски- Борел: Северна Македонија припаѓа на ЕУ, тоа е заедница на вредности, не само заедница на интереси

Претседателот на Владата, Ковачевски истакна дека Северна Македонија има јасна евро-интеграциска перспектива, дека Владата има вистинска определба и работи на воведување на европските стандарди и вредности. Показател за тоа, како што рече Ковачевски е и скрининг процесот, а извештај за скринингот ќе биде патоказ со кој земјата ќе го зајакне фокусот во реформата во јавната администрација, механизмите за владеење на правото и борба против корупцијата како и унапредување на пазарното стопанство во државата.

„Скрининг процесот се одвиваше со предвидено темпо, ја задржавме динамиката во текот на целиот процес и очекуваме да заврши следната недела. Како Влада, не дозволивме внатреполитичките спорови да ги стават на страна реформите потребни кон приближување на стандардите и законите на ЕУ, ниту пак да го отежнат или спречат процесот на скрининг кој успешно го предводеше вицепремиерот за европски интеграции, заедно со неговите колеги  но и сите други вклучени од останатите министерства и други министерства, како и стопански комори коишто учествуваа во скринингот кој се одвиваше во текот на изминатиот период во Брисел“-изјави премиерот.

Премиерот истакна дека со својот вечераше гостин Борел се согласиле дека Северна Македонија мора да продолжи со процесот на ЕУ интеграција. Европскиот напредок на земјата е важен поради подобра иднина на граѓаните подобар животен стандард, како и иднината на новите генерации кои заслужуваат да живеат во земја членка на ЕУ.

„Нашите граѓаните не заслужуваат и не сакаат статус кво и нашите граѓани не заслужуваат повторно изолација каква што гледавме 11 години. Членството во ЕУ е нашата цел и ние немаме друга алтернатива. Дали ќе бидеме таму набрзо, зависи само од нас, и тоа зависи од сите нас, односно од сите политички чинители во оваа земја, кои имаат одговорност пред народот да испорачаат резултати на патот кон ЕУ без изговори“,рече Ковачевски.

Потпретседателот на Европската комисија Жозеп Борел на пресконференцијата истакна:

„Знаете дека ЕУ ја поддржува Украина затоа што Украина се бори за да ги сочува својот интегритет и суверенитет но се бори и за мирот и стабилноста во Европа. Кога велам стабилност и мир во Европа тука го вклучувам и Западниот Балкан и во таа насока сакам да ја уважам позицијата на Северна Македонија, вашето непогрешливо целонсо усогласување со надворешната политика на ЕУ, вие продолживте со напорите за реформи токму на овој европски пат за вашата земја а особено вие премиере лично, вашиот ангажман, вашиот силен ангажман со цел да ја внесете Северна Македонија во ЕУ, вашите напори за реформи се нешто што ние навистина во Брисел многу го  цениме“.

Високиот преставник на ЕУ, истакна скрининг процесот набрзо ќе заврши и упати честитка до државните службеници, целата администрација на Северна Македонија,на службениците кои, како што кажа-вредно работат со цел да го овозможат овој процес.

„Ова е инвестиција, влог во иднината на вашата земја, вие работите не за вашата политичка партија туку за државата. Одењето по европскиот пат е нешто што треба да биде пред и над меѓупартиските превирања, тоа треба да биде заеднички потфат и сите треба да притискаат кон тоа, тоа е нешто што и треба на земјата, а со цел да напредувате во пристапните преговори ќе биде од клучно значење да постои соработка, да се избегне политичката поделеност и да се слуша ЕУ. Можеби не се согласувате со многу работи што е тоа демократија, им предлагате на граѓаните различни предлози но не треба да постои политичка поделеност за прашањата за ЕУ, ако сакате да одите по патот на ЕУ тогаш мора да го завршите процесот на усвојување на уставните измени и да напредувате за клучните реформи, тоа е во интерес на сите граѓани на оваа земја. Тоа не е нешто што ќе донесе корист за една политичка партија, тоа ќе донесе корист за целиот народ.“ рече Борел.

Премиерот Ковачевски и потпретседателот на ЕК Борел, говореа и за Развојниот план на Европската Унија за Западен Балкан. Како што истакна премиерот, тоа ќе биде нов силен поттик на процесот на евроинтеграции.

„Планот бара продолжување на реформските процеси кои се пред нас, за кои имаме и политичка волја и знаење и капацитет да ги исполниме. Планот нуди одлични можности за земјите во пристапниот процес и планираме и да работиме со цел максимално искористување на средствата кои истиот ги става на располагање и којшто обезбедува поголема интеграција на регионот, забрзување на реформите и забрзана интеграција на заедничкиот европски пазар пред целосно вклучување во ЕУ. Го информирав Високиот претставник дека веднаш по формалната презентација на Планот, активно разботевме на создавање структура за негова имплементација и одржавме многу важен координативен состанок со претставници од соседните земји пред две недели во Скопје“,изјави премиерот.

Потпретседателот на ЕК, говорејќи за важноста на планот за развој рече:

„Имате можност да добиете пристап до важни делови од единствениот европски пазар што е најважната вредност од станувањето членка, а вие ќе можете да пристапите дури пред да станете членка. Ова е прилика која треба да ја искористите. И за тоа имате целосна наша поддршка. Ќе останам на ваша страна, на страната на Северна Македонија, на нејзината Влада, ќе ве придржувам кон патот на напредокот, кон крајната цел што е членство во ЕУ. Северна Македонија припаѓа на ЕУ, тоа е заедница на вредности , не само заедница на интереси. Јас сум задолжен да ги претставувам и вредностите и интересите на ЕУ во светот. И од она што јас го сфаќам и од мојата увереност можам да кажам дека СМ припаѓа во ЕУ. Ве охрабрувам да продолжите со вашата работа да добиете полноправно членство а истовремено да ги искористите предностите од овој план за раст“, изјави Борел.

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

МЖСПП: Состанок со АДКОМ за проблемот со побарувањата на ЈКП

0
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска присуствуваше на состанокот со Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ на кој...