spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Стартува дигитална кампањата ТОПЛИ ПРЕПОРКИ за топол дом во зимскиот период,...

МЖСПП: Стартува дигитална кампањата ТОПЛИ ПРЕПОРКИ за топол дом во зимскиот период, почист воздух и подобро здравје

Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со Шведската амбасада и Шведската агенција за заштита на природата, денес, ја започнуваат дигиталната кампања за подобрување на квалитетот на амбенталниот воздух насловена „Топли препораки“.

Истражувањата покажуваат дека согорувањето на биомасата (дрвата) за затоплување на домаќинствата учествуваат со 45% во националните емисии на ПМ 10 и 68% во ПМ 2,5 честичките во амбиенталниот воздух, а очекувано е голем број на домаќинства и оваа зима да се затоплуваат користејќи дрва како огревен материјал. Од таа причина, првиот дел од дигиталната кампања го посветуваме на споделување на добри практики при користење на дрвото за затоплување на домовите и укажување на важноста тоа да се прави на правилен начин, внимаваќи на правилен избор на огревниот материјал, правилно чистење и одржување на грејните тела и оџаците и на правилно ракување со огревниот материјал при горењето.

Заследете ги нашите „ТОПЛИ ПРЕПОРАКИ“ на фејбук страницата и на инстаграм профилот , и споделете ги со семејството и пријателите.

#ТоплиПрепораки

 

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање 

Прочитајте

Информација по повод одбележувањето на 8 септември, Денот на независноста

0
По повод 8 септември, Денот на независноста, Владата организира свечена програма под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“. Свечената академија ќе се одржи во...