Wurth Македонија во соработка со Општина Кисела Вода донира заштитни ТПЕ ракавици за основните училишта и градинки на наша територија. Преку оваа донација се унапредува нивото на хигиена и безбедност во средини каде што учат нашите ученици.
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски се заблагодари на компанијата Wurth Македонија за покажаната одговорност поради тоа што здравјето секогаш е на прво место.
Извор: Општина Кисела Вода